Градови на Безбедно Срце

Прекугранични Градови на Безбедно Срце

РАМКА

Интерег ИПА Програма за прекугранична соработка CCI 2014 TC 16 I5CB 009

Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка  CCI 2014 TC 16 I5CB 009 е Европска програма за територијална соработка која ја поддржува регионалната соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.Општата цел на програмата е да се зајакне територијалната кохезија преку подобрување на животните стандарди и можностите за вработување  со почит кон животната средина и со користење на природните ресурси надградувајќи го туристичкиот производ.

Вкупниот буџет наменет за програмата е  45.470.066,00€, од кои 38.649.552,00€ (85%) е поддршка од Унијата и  6.820.514,00€ (15%) од националните учесници.

 Двете приоритетни оски на програмата се:

  1. Развој и поддршка на локалната економија
  2. Заштита на животната средина – транспорт

Вклучени региони

Грција

5 Nuts III Региони: Солун, Пела, Килкис, Серес и Флорина

 Република Северна Македонија

4 Nuts III Региони: Пелагонија, Вардар, југоисточен и југозападен

ПО 1: Развој и поддршка на локалната економија

Приоритетна Оска 1. Развој и поддршка на локалната економија

ПО1. Развој и поддршка на локалната економија промовира вработување и мобилност на човечките ресурси, и има за цел да ги подобри здравствените и социјалните инвестиции и услуги. Поддржува заштита на природното и културното наследство со цел да се подобри привлечноста и да се поттикне туризмот во прекуграничната област.

 Специфични цели

  • 1.1: Создавање на можности за вработување на дипломирани студенти преку искористување на компаративни предности од прекуграничната област, по можност со употреба на иновативни алатки и практики.
  • 1.2: Подобрување на превентивната здраствена грижа и социјални услуги на деца и стари лица главно во руралните прекугранични области.
  • 1.3: Подобрување на атрактивноста и промовирање на туризмот во прекуграничната област преку промовирање и капитализирање на природните и културните ресурси.

Градови на Безбедно Срце

Прекугранични Градови на Безбедно Срце

Проект кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички.

Оваа веб страна е креирана со финансиска помош на Европската Унија. Одоговорен за содржината на страната е 4тиот Округ за Здравје на регионот на Македонија и Тракија. Страната во никој случај не ги рефлектира ставовите на Европската Унија, земјите учеснички и Управувачкиот Орган..