Градови на Безбедно Срце
Прекугранични Градови на Безбедно Срце
РАМКА
ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција -Република Северна Македонија 2014-2020
ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција -Република Северна Македонија 2014-2020 е Европска програма за територијална соработка која ја поддржува регионалната соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.Општата цел на програмата е да се зајакне територијалната кохезија преку подобрување на животните стандарди и можностите за вработување со почит кон животната средина и со користење на природните ресурси надградувајќи го туристичкиот производ.
Вкупниот буџет наменет за програмата е 45.470.066,00€, од кои 38.649.552,00€ (85%) е поддршка од Унијата и 6.820.514,00€ (15%) од националните учесници.
Двете приоритетни оски на програмата се:
- Развој и поддршка на локалната економија
- Заштита на животната средина – транспорт
Вклучени региони

Грција
5 Nuts III Региони: Солун, Пела, Килкис, Серес и Флорина
Република Северна Македонија
4 Nuts III Региони: Пелагонија, Вардар, југоисточен и југозападен
ПО 1: Развој и поддршка на локалната економија
Приоритетна Оска 1. Развој и поддршка на локалната економија
ПО1. Развој и поддршка на локалната економија промовира вработување и мобилност на човечките ресурси, и има за цел да ги подобри здравствените и социјалните инвестиции и услуги. Поддржува заштита на природното и културното наследство со цел да се подобри привлечноста и да се поттикне туризмот во прекуграничната област.
Специфични цели
- 1.1: Создавање на можности за вработување на дипломирани студенти преку искористување на компаративни предности од прекуграничната област, по можност со употреба на иновативни алатки и практики.
- 1.2: Подобрување на превентивната здраствена грижа и социјални услуги на деца и стари лица главно во руралните прекугранични области.
- 1.3: Подобрување на атрактивноста и промовирање на туризмот во прекуграничната област преку промовирање и капитализирање на природните и културните ресурси.
Градови на Безбедно Срце
Прекугранични Градови на Безбедно Срце

Проект кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички.
Оваа веб страна е креирана со финансиска помош на Европската Унија. Одоговорен за содржината на страната е 4тиот Округ за Здравје на регионот на Македонија и Тракија. Страната во никој случај не ги рефлектира ставовите на Европската Унија, земјите учеснички и Управувачкиот Орган..