Градови на Безбедно Срце

Прекугранични Градови на Безбедно Срце

Проектот

Позадина на Проектот

Во текот на последните неколку години јавните инвестиции во здравството и социјалната заштита брзо се намалија заради економската криза во Грција. Истоверемено нееднаквоста и ризикот од сиромаштија се зголемија. Како резултат на тоа персоналот во јавниот здравствен сектор и социјална заштита се намали, а со тоа падна и квалитетот на дадените здравствените услуги. Поради тоа, во некои случаи, животите на луѓето се изложени на ризик. Во Република Северна Македонија ситуацијата е полоша, бидејќи 21% од населението живее под апсолутна сиромаштија, додека многу од нив (54%) живеат во домаќинства со пет или повеќе членови.
Пристапот до основна здравствена заштита е скоро отсутен, и тоа резултира со фатални инциденти, поврзани со кардиоваскуарни заболувања и инфаркт, кои би можеле лесно да се спречат доколку се идентификуваат и третираат на време. Исто така, високата стапка на сиромаштија и ниското образование, меѓу другото, се поврзани со конзумирање на храна со низок квалитет која ги влошува срцевите заболувања и нивните симптоми. Овај тренд заедно со стареењето на населението го зголемуваат притисокот на здравствениот систем кој веќе е оптеретен.
Покрај стареењето на популацијата, просечната возраст на пациенти со кардиоваскуларни заболувања се намалува. Со други зборови, ненадајни срцеви удари се случуваат и кај помлади лица, и тоа поради слаб пристап до лекарите, недостаток на можности и навики на систематско следење на срцето, неразвиена здравствена култура, намалениот квалитет на храната што се конзумира, како и зголемениот стрес, анксиозноста и депресијата.
Што се однесува на срцето, еден од највиталните органи на човекот, фрекфенцијата на срцеви удари е проценета меѓу 0,4 и 1 за секои 1000 граѓани годишно (800 – 2,000 лица дневно), во вкупно население од 730 милиони луѓе во Европа. Во Грција и Република Северна Македонија ситуацијата е конзистентна со европската статистика, со мала растечка тенденција во последните години, заради причините спомнати погоре, резултирајќи со сериозни загуби на човечки животи. Критичен фактор за намалување на овие загуби е непосредно давање на прва помош и основна животна поддршка од обучени лица, во првите минути до моментот кога ке дојде брзата помош на лице место. Се тврди дека поголемиот дел од инцидентите би биле ефективно адресирани, доколку: (а) биле откриени рано; (b) биле обезбедени веднаш прва помош и основна животна поддршка; (c) била достапна рана дефибрилација и (d) била обезбедена соодветна нега послем реанимација. Оваа низа, наречена “Ланец на преживување”, е прифатена од Европскиот Совет за Реанимација и Американската Асоцијација за Срце, постојат и убедливи научни докази кои ја потенцираат важноста на рано идентификување и обезбедување на основна животна поддршка, која дури и без дефибрилатори, можи да “купи” време за жртвата, се додека не пристигне напредната итна помош.
Покрај тоа, следењето на тековната состојба на кардиоваскуларните заболувања на популацијата преку скрининзи и навремено дијагностицирање на потенцијалните закани се сметаат за најважни превентивни фактори на идните заболувања.Со оглед на ситуацијата, јасно е дека проблемот е комплициран и бара долгорочен и повеќестран пристап.

Синџир на преживување

Во 1991, Американската Асоцијација за Срце (AHA) објави “Подобрување на шансите за преживување на ненадеен срцев удар: Концепт за “Синџир на преживување”. Овој труд ја идентификуваше идејата дека сите заедници треба да го прифатат принципот на рано дефибрилирање и дека сите вработени од кои се очекува, како дел од нивните професионални должности, да ги извршуваат основните CPR, треба да бидат опремени AED и обучени да работат со него. Оттогаш, Меѓународниот Комитет за Врски за Реанимација (ILCOR-International Liaison Committee on Resuscitation) и Американската Асоцијација за Срце (AHA) се залагаа дека здраствените професионалци кои имаат должност да одговорат  на лице со срцев удар треба да имаат достапен дефибрилатор веднаш или во рок од 1 до 2 минути.

Синџирот на преживување ги прикажува критичните активности потребни за третирање на опасни за живот итни случаи, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар и опструкција на дишните патишта од туѓо тело.  Врските во овај Ланец на Преживување вклучувааат:

  1. Ран пристап до сиситемот за итен одговор.
  2. Рана CPR подршка за циркулација кон срцето и мозокот додека не се врати нормалната работа на срцето.
  3. Рана дефибрилација за третирање на срцевиот удар предизвикан од вентрикуларна фибрилација.
  4. Рана напредна нега од страна на итна медицинска помош и болничкиот персонал.

Првата алка, Ран пристап до системот за реакција при итни случаи, вклучува рано препознавање на кардио итни случаи и рано известување на персоналот преку универзален телефонски систем  1-1-2 како и внатрешен систем на тревога во специфични установи за да предизвика одговор од назначен обучен и опремен медицински персонал.

Втората алка, Рана CPR поддршка, е збир на активности што спасувачот ги извршува во низа за да ги процени и поддржи дишните патишта, дишењето и циркулацијата.

Третата алка , Рана Дефибрилација, е испорака на шок до срцето за да се промени од вентрикуларна фибрилација во нормален срцев ритам.

Четвртата алка, Рана Напредна Грижа, се однесува на одговор од високо обучени и опремени лица од итната медицинска помош  (болничари) кои можат да му обезбедат на пациенот администрација на лекови, напредни процедури за дишните патишта, и други интервенции и протоколи, пред пристигнувањето на пациентот во установа за напредна нега.

Меѓутоа, за да може пациентот да преживее вон болинчки срцев удар , CPR  и рана дефибрилација мора да се обезбедат во првите четири минути од срцевиот застој  (Европскиот Совет за Реанимација/Американската Асоцијација за Срце препорачуваат 3 минути), проследено со Напредна Животна Поддршка во првите 8 минути од  ударот.

Идејата на проектот

Целта на проектот е зголемување на бројот на ефикасни интервенции во случаи на вонболнички инциденти на срцеви удари и да се спасат животите на пациентите.

Проектот Градови на безбедно срце им приоѓа на кардиоваскуларните болести, срцеви удари и давањето на превентивна здраствена грижа на специјален начин, обидувајќи се да создаде мултипликатори кои се обраќаат дирекно до пошироката јавност соочувајќи се со појавата на срцеви удари веднаш и ефикасно. На овај начин, голем дел од населението се стекнува со општо знаење за срцеви работи, на пример, како работи и како можи да се заштити, што треба да се направи во случај на срцев удар итн, додека истовремено луѓето  се ангажирани во социјалниот живот, збогатувајќи го нивното изгубено чувство на корисност. Во исто време, луѓето со висок ризик на срцев удар, повеќето од кои не ни знаат дека припаѓаат на таа високоризична група заради недостатокот на пристап до здраствена заштита, добиваат поголеми шанси за преживување на таков инцидент, добиваат пристап на кардио преглед, мониторинг и информации за како да спречат инцидент.

Идејата на проектот е конзистентна со програмата на проектот “Градови на безбедно срце”, и ќе придонесе кон систематски начин на директно справување со релевантните инциденти, не само со помош на здравствени професионалци туку и со соодветно обучени граѓани.

Опсег на проектот

Цели

Главната цел на проектот “Градови на безбедно срце” е да се зголеми бројот на ефективно менаџирани вонболнички инциденти на срцев удар каде пациентот е спасен од трајни последици и смрт. Проектот дирекно придонесува за програмата 1.2 “Подобрување на превентиваната здравствена заштита и социјалните услуги на деца и постаро население”, како и стратешкиот избор на “Подобрен пристап на социјалната и здравствена заштита како промовирање на социјална вклученост и развој на заедницата” со обезбедување шанса за живот на повеќе луѓе во случај на хитност и поставување трајно јадро на обука и група на обучувачи.

Покрај тоа , проектот има за цел:

  • Подигање на свеста за сериозноста на инциденти од срцеви удари и информирање за начини на нивно спречување или ефикасно управување.
  • Подобрување на подготвеноста за рано реагирање преку масовни обуки на граѓани, како и обука на обучувачи (медицински/ парамедицински персонал).
  • Подобрување на капацитетите за ефикасно менаџирање преку обезбедување на AED (автоматски надворешни дефибрилатори) на избрани места во градот.
  • Подобрување на услугите за животна поддршка обезбедени од локалните и регионалните здраствени единици.
  • Зголемување на целокупниот капацитет за животна поддршка и прва помош на градско ниво и намалување на загубите на човечки животи.
  • Зголемување на соработката во врска со прашања поврзани со кардиоваскуларни заболувања.
  • Подобрување на квалитетот на живот во прекуграничната област.

Очекувани резултати

Како резултат на проектот “Градови на безбедно срце ” се очекува креирање на два пилот градови на безбедно срце – Каламарија и Охрид – каде ќе се постави потребната опрема на јавни места АНД (автоматски надворешни дефибрилатори) и најблиските здраствени единици и ќе има 5500 обучени граѓани и јавни/локални службеници за основна животна поддршка, 550 сетифицирани инструктори за основна животна поддршка (Basic Life Support-BLS) и 750 доктори, сестри и друг медицински персонал (Intermediate Life Support -ILS).

Проектот се очекува да резултура со:

– Надградба на медицинските услуги дадени во девет здраствени единици во прекуграничната област, благодарение на снабдувањето со нова медицинска опрема.

– Зголемена употреба на IT апликации во здраствениот сектор од потецијалните корисиници и од медицинскиот персонал (доктори и медицински сестри).

– Подигање на свеста за превентивна здравствена заштита со посебен фокус на спречување на кардиоваскуларните заболувања и рано дијагностицирање преку низа настани со отворено информирање и други промотивни активности кои завршуваат со просек на 8000 информирани граѓани и релевантни засегнати страни.

Работни Пакети

Проектот е структурално организиран во 5 работни пакети (working packages-WPs), кои опфќаат обука на населението и медицинскиот персонал,набавка на потребната опрема за AED локациите и ургентните оддели во болниците, дизајнирање и пилот имплементација Градови на безбедно срце зедницата во прекуграничната област.

  • WP1 Управување и координација на проектот
  • WP2 Комуникација и дисеминација
  • WP3 Набавка на опрема за животна поддршка и обука
  • WP4 Обука на граѓани и обучувачи
  • WP5 Пилотирање на заедници на Градови на безбедни срца

Градови на Безбедно Срце

Прекугранични Градови на Безбедно Срце

Проект кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички.

Оваа веб страна е креирана со финансиска помош на Европската Унија. Одоговорен за содржината на страната е 4тиот Округ за Здравје на регионот на Македонија и Тракија. Страната во никој случај не ги рефлектира ставовите на Европската Унија, земјите учеснички и Управувачкиот Орган..